Најавата на Горан Милевски дека ќе се кандидира за лидер на партијата и ќе седне на местото на Андреј Жерновски, предизвика раногласие во општинската организација на ЛДП во Битола.
Видни членови на партијата се изненадени од таквата најава и тврдат дека тоа е лична одлука на Милевски за која што ја нема поддршката на Општинската организација.
-До Конгресот на ЛДП, што ќе се одржи во март, има уште шест месеци, а Милевски се прогласи за нов лидер на партијата. Засега, ЛДП во Битола нема расправано со кој кандидат ќе го поддржи на Конгресот и дали Битола ќе излезе со свој кандидат. Милевски подолго време си игра свои соло игри, зад кои стои исклучиво тој и некои негови блиски, велат од ЛДП- Битола.
Во битолската организација на ЛДП тврдат дека Милевски со свои истомисленици од младите сили на партијата, го организирал бојкотот на Жерновски и јавно без никаква одлука на општинската организација ја пласирал информацијата, дека во Битола му била искажана недоверба на Жерновски и била побарана негова оставка.
Во битолската ЛДП тврдат дека Милевски се испазарил со власта да го сруши Жерновски и дека со неколкумина истомисленици коишто немаат поддршка од партијата работаат на смена на Жерновски.
Од ЛДП порталот на “Битолски весник“ доби информации дека Милевски се пресмета(л) во своите можности дека можи да го сруши Жерновски и дека наводно Жерновски којшто го поставил Милевски за пратеник бил изненаден од големите амбиции на Горан Милевски.
Очигледно е дека во ЛДП почнаа превирањата за Конгресот и дека Милевски предвреме почна битка за лидерската позиција.
Во Општинската организација тврдат дека Милевски почнал да игра за власта и дека нема да дозволат тој да застане на чело на ЛДП во Македонија.
Б.В.