Од денеска Центарот за јавно здравје Битола почнува со т.н. брзи тестови, кои ЦЈЗ ги набави со пари од општината Битола.
На предлог на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, а со едногласна одлука на Советот на Општина, обезбедени се средства за набавка на најмалку 2.000 брзи тестови за дијагностицирање на Ковид 19.Тестовите се бесплатни за граѓаните и ќе се реалзиираат преку матичните лекари и Мој термин, рече на денешната прес конференција портпаролката на СДСМ Битолал Невена Димовска.
Инаку донацијата од Општина Битола во вистина од 20.000 евра за Центарот за јавно здравје – Битола, ќе им овозможи на граѓаните на Битола брза дијагноза, односно за многу кратко време, од 15 до 20 минути, да ги имаат резултатите.
Тоа ќе обезбеди брза интервенција и на лекарите, и секако можност граѓаните да го заштитат сопственото, здравјето на своите најблиски и јавното здравје.
Од почетокот на ковид кризата Општина Битола досега издвои над 85.000 евра за поддршка на здравствените институции во Битола за справување со состојбата.
Најпрво беа издвоени 10.000 евра за отворање на лабораторија за тестирање од коронанавирус во Центарот за јавно здравје. Потоа од општинскиот буџет беше издвоена уште една донација од 10.000 евра за обезбедување на апаратура за кислородна поддршка во Болницата, па 20.000 евра за набавка на брзи тестови во Центарот за јавно здравје.
Минатата недела, дополнително се издвоија и над 40.000 евра за модуларната болница, а се вложува и во подготовка на уште една месна заедница во близина на Болницата каде, исто така, ќе се прават брзи тестови, изјави портпаролката на Општинската организација на СДСМ, Битола, Невена Димовска.