Don't Miss
Home / Вести / ВМРО-ДПМНЕ на протест за Македонија која ја избришаа од сопствениот Статут!?

ВМРО-ДПМНЕ на протест за Македонија која ја избришаа од сопствениот Статут!?

 

            Во врска со вечерашниот протест на ВМРО ДПМНЕ, со реакција се јавија од СДСМ.

            Во реакцијата меѓу другото се вели:

-“Убава” глетка вечерва и пред Општина Битола, а и пред зградата на битолскиот огранок на Социјалдемократскиот сојуз на МАКЕДОНИЈА. ДПМНЕ – Блокирана го најде обединувачкиот елемент на своето распарчено партиско ткиво – Никогаш Северна. Што друго би понудила партијата која се става во “заштита” на националните интереси, секогаш кога има потреба да ја спаси сопствената “кожа”.

Еуфоричните скандирања на паролата која одбележа едни мрачни и тегобни минати времиња за земјава, ДПМНЕ или она што остана од неа, сепак, треба да ги извикува под своите прозорци. Да ја чујат нивните пратеници кои земаат 1.500 евра плата од Северна Македонија, се исмеваат со Законодавниот дом и поднесуваат амандмани до Собранието на Северна Македонија, ги доведуваат во опасност граѓаните Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби на Република Северна Македонија со измислени приказни за предавства.

На следниот протест, ДПМНЕ нека им го подели на своите симпатизери и членови, својот партиски Статут кој лидерот без доверба го крие и од своите општински комитети повеќе од две години. Во него до го најдат името на земјата во која живеат. Да се уверат сите кој е патриот по потреба, се вели во соопштението на СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*