Don't Miss
Home / Вести / Фиксна каматна стапка до 1,2 отсто и нов скалест депозит на Стопанска банка а.д. Битола

Фиксна каматна стапка до 1,2 отсто и нов скалест депозит на Стопанска банка а.д. Битола

Стопанска банка а.д. Битола креираше нов депозитен производ, во моментот еден од најповолните депозити на пазарот, со кој на своите клиенти им нуди најконкурентна каматна стапка.

За влогови до 10.000 еур – каматната стапка е 1,00% на годишно ниво

За влогови од 10.001 еур до 30.000 еур – каматната стапка е 1,10% на годишно ниво

За влогови над 30.001 еур – каматната стапка е 1,20% на годишно ниво

Периодот на орочување е 13 месеци.

Исплата на каматата се врши на крајот на периодот на орочување.

Дополнителна вредност доколку моментално се одлучите за орочување на средства со овој или било кој друг тип на депозит ( денарски или девизен) во Стопанска банка а.д. Битола е тоа што со минимален влог во противвредност на 1.000 евра, на најмалку 12 месеци учествувате во наградната игра ,,Вреди да се штеди’’ која трае до 31.01.2021 година, а во која може да добиете вредни награди, автомобил Citroen C1, лап топ Mac Book Air 13’’ х2 и iPhone 11 x3.  Повеќе информации https://bit.ly/vredi_da_se_stedi

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*