Home / Вести / Златниот волонтерски сретификат за 3Д Примт Медицинска опрема

Златниот волонтерски сретификат за 3Д Примт Медицинска опрема

 

          Денеска во рамките на одбележувањето на  5-ти декември, Меѓународниот ден на волонтерите, Младински културен центар  ги додели националните волонтерски награди, признание кое е востановено од 2006 година.

Ова високо признание на 3 Д Примат Медицинска опрема му е доделно поради иницијативата која ја започнаа во март 2020 година – изработка и донација на заштитни маски со визири, заштитна опрема од вирусот Ковид 19. Екипата ентзијсти на граганско здружение  покажаа што значи хуманост, поддршка на тие кои имаат потреба во најтешките моменти, заштита на личното и грижа за сеопштото јавно здравје. Тие обединија повеќе од 22.000 граѓани, институции, компании… од цела држава од кои околу 200 граѓани активно се вклучија во акцијата и до овој момент изработија и донираа повеќе од 47.000 визири ширум цела Северна Македонија. Тие ја вратија вербата дека мала група на луѓе може да обедини цел мехнизам на граѓани и навистина да направи голема промена, стои во обрзложението за наградата.

-Овој гест дополнително не мотивира нас и сите останати волонтери да се потрудиме, да помогнеме колку што можеме. Секоја иницијатива кон подобрување на ситуацијата е од големо значење за медицинскиот персонал како и за луѓето кои се погодени од пандемијата“ – велат иницијаторите на волонтерската иницијатива 3Д Принт Медицинска опрема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*