Home / Вести / Одделението за физикална медицина стана Ковид одделение

Одделението за физикална медицина стана Ковид одделение

                      

            Поради драстично зголемениот број на поитивни лица со Ковид 19, кои буквално го наполнија инфективното одделение, од денеска  пациентите кои  на Клиничката болница се лекуваат од Ковид 19 се хоспитализирани во Одделението за физикална медицина, кое е пренаменето како дополнителен капацитет на регионалниот ковид центар во Битола.

На Одделението за физикална медицина денеска  од инфективното одделение беа префрлени 15-тина пациенти, кои имаат  потреба  од перманентна кислородна поддршка.

Инаку со цел да се зголемат капацитети за згрижување на  болните од Ковид 19, почнаа изградбата на модуларниот ковид центар, кој треба да биде изграден за три недели, а во кој ќе бидат згрижеи 90 пациенти.

За изградна на Ковид центарот општината Битола донираше 80.000 евра од својот буџет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*