Don't Miss
Home / Вести / Интензивно се гради модуларната болница во Битола

Интензивно се гради модуларната болница во Битола

        Во Битола, наспроти инфективното одделение на Клиничката болница,  интензино се работи на изградба на модуларниот ковид центар.

        Денеска градежните екипи од Струга работеа на поставување на  бетонската подлога на модуларната болница.

        Според изјавите на градежните работници тие се убедени дека до понедленик ќе ги постават подлогите  на кои ќе бидат поставени трите модуларни болници.

        Паралено со поставувањето на бетонските подлоги на модуларните болници деновиве интензивно се работеше и на инсталирање водоводна мрежа за ковид центарот.

                  Модуларниот ковид центар ќе има капацитет од 90 легла и треба да биде изграден за три недели.

         За изградба на Ковид центарот, општината Битола  со одлука на Советот издвои  40 илјади евра.   

        Од општината Битола велат дека Ковид центарот ќе се гради  со цел  да се  прошират здравствените капацитети  на Инфективното одделение и Клиничката болница за прием и тријажа на ковид пациентите.

        Ковид центарот ќе се  состои од 3 модуларни градби, од кои двете градби   ќе содржат интегриран тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар.

Капацитетот на  модуларниот Ковид центар,кој ќе биде изграден на површина од 1.000 м2, ќе биде со капацитет од 90 кревети.

– Со изградбата на модуларниот ковид центар ќе се добијат најсовремени услови за третман на пациентите, со се што е потребно, вклучувајќи ренген и ехо апарати, а здравствениот персонал ќе може уште подобро да ја извршува својата работа,  велат од Клиничката болница

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*