Во Битола во последните неколку денови осетно опаѓа бројот на хоспитализираните лица од Ковид 19.
Од преку 80 пациенти колку што имаше пред извесно време на лекување на инфективното одделение, денеска бројот на хоспитализирани пациенти во Регионалниот ковид центар во Битола е 56 пациенти.
Според информациите од Клиничката болница намалувањето е за околу 20 пациенти помалку за разлика од пред неколку дена.
Последните неколку дена има намалување и на бројот на починати пациенти во Ковид центарот во Битола.
Вчера од компликации почина едно лице, но во претходниот период имаше денови кога немаше ни еден починат.
Намалување има и во бројот на нови случаи. Така вчера беа регистрирани “ само “ 18 нови случаи за разлика од порано кога ги имаше дури и над 90.
За разлика од намалувањето на бројот на позитивни на Ковид 19, зголемување бележи бројот на оздравенените пациенти, кои во вчерашниот ден изнесуваше 39 лица.
Инаку бројот на активни случаи во Битола е 805, а вкупниот број на оздравени пациенти од почетокот на пандемијата до вчера изнесува 1937 лица.
Но и покрај ваквите резултати од Клиничката болница во Битола апелираат да се почитуваат мерки препорачани од Министерството за здравство и да нема никакво опшуштање, бидејки коронавирусот и натаму е присутен во Битола.