Општината Битола планира во идната 2021 година да потроши ни помалку, ни повеќе, туку 35 милиони евра.
Толлку ќе изнесува буџетот на Општината за идната година, кој ќе се најде на усвојување пред советниците на седницата на Советот која е закажана за понеделник 28 декември.
Од овие пари, околу половината, или 17 милиони евра се средства кои во општинската каса ќе се слеат од државниот буџет, а останатите средства планирано е да бидат сопствени приоди.
Речиси половината од средствата, или 17 милиони евра, кои ќе ги добие општината Битола од Републичкиот буџет, ќе бидат потрошени за финансирање на потребите на основното и средното образование, детските градинки, зоолошката градина и старскиот дом.
Од вкупните расходи кои ќе ги потроши општината, најголемиот дел ќе бидат за изградба на капитални проекти и градежни објекти.
Во овој дел значајно е да се напомене и големата ставка за отплата на кредитот земен за инфраструктурно уредување на Касарната.
Инаку со средствата од буџетот се планира изградба на новата градинка во касарната, со капацитет на сместување од 230 деца. Годинава треба да биде завршена трибината на Градскиот стадион под Тумбе Кафе, за помош на спортските клубови, подобрување на уличното осветлување, реновирање на неколку месни заедници и неколку училишни игралишта, реконструкција на улиците „Рузвелтова“, „Борис Кидриќ“, „Смилевски конгрес“, „Тошо Даскало“, патот до Пелистер, изградба на неколку нови детски паркови на различни локации, „16-та“, патот до Буково, вели првиот човек на Советот на Битола, Валентин Груевски.