Home / Вести / Стрежево со донација за Клиничка болница

Стрежево со донација за Клиничка болница

Јавното претпријатие „Стрежево” – Битола продолжува со донации пред новогодишните празници.Како што претходно најави, Стрежево оваа година ги пренамени финансиските средства предвидени за рекламен материјал во донации каде што е најнеопходно.

Денес Стрежево донира медицинска заштитна опрема и флаширана вода за вработените во Клиничка болница „Др.Трифун Пановски“ – Битола.

-Лекарите и медицинските сестри деноноќно се грижат за пациентите со Ковид 19. Нивниот неуморен напор е извонредно достигнување што заслужува целосно почитување и поддршка. Донацијата се состои од заштитни ракавици, пакети со средства за дезинфекција и флаширана вода, согласно потребите на болницата. Се надеваме дека дополнително ќе придонесеме, во побезбедно и поефективно делување на медицинскиот персонал во Клиничка болница“, рече директорот Методија Граматковски.

-Здравствените работници кои работат во првите редови во борбата против пандемијата се изложени на многу различни ризици во однос на нивното здравје и безбедност.Нивната улога во справувањето со пандемијата е клучна, а секој поединец и колектив треба да даде придонес и поддршка на медицинскиот персонал во борбата со невидливиот непријател. И за крај, сакаме да напоменеме, Стрежево спроведува засилен санитарен протокол низ сите свои оддели за да ги заштити вработените, и да создаде услови за успешно функционирање во услови на новата нормалност, додаде Граматковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*