Don't Miss
Home / Вести / Јован Митрески од Битола: Да не дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да ја уништува иднината на нашите деца

Јован Митрески од Битола: Да не дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да ја уништува иднината на нашите деца

Не случајно завршниот митинг, митингот со кој го завршуваме дваесетдневниот карван во Петтата изборна единица е овде во Битола, во градот на конзулите, во градот кој отсекогаш бил носител на прогресот, во градот кој секогаш сакал да оди напред, да биде на светската мапа, како туристички, како економски и образовен центар и градот кој не сака да се враќа назад.

Вака го почна завршниот митинг во Битола, кој се одржа пред Заводот и музеј во Битола, носителот на листата во Петтата изборна единица, Јован Митрески.

Тој притоа нагласи дека изминатите денови граѓаните на Македонија имаа можност да видат два сосема различни концепти. Едниот, на СДСМ и Коалицијата за европска иднина кој води кон подобра иднина, кон прогрес, кон унапредување на животниот стандард, со конкретни и реални проекти, со визија Македонија да стане држава со европски вредности и конечно членка на Европската унија до 2030 година,со зачуван идентитет, заштитен македонски јазик, рамноправен со јазиците на земјите членки на Европската унија, но, и рамноправен партнер на меѓународен план, членка на НАТО и пример за држава која е фактор на стабилност во регионот.

-Вториот концепт е оној на ВМРО-ДПМНЕ кој сака да не врати назад, во изолација, во безнадежност, во страв и агонија, во нови поделби и кавги по меѓуетничка основа. Имавте можност да видите понуда и на два сосема различни тима, на дијаметрално различни кандидати. На едната страна се кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина кои имаат визија, кои имаат одлучност и храброст да носат вистински одлуки во интерес на граѓаните, без да калкулираат, без да се грижат за личниот или партискиот интерес – рече Митрески.

Од другата страна е тимот на ВМРО-ДПМНЕ, истите оние луѓе кои беа послушници и главни извршители на Никола Груевски, кои Македонија ја доведоа до бездна, кои ги уништија институциите, ја уништија економијата, ги срозаа здравството и образованието, ја изолираа Македонија.Тоа се истите оние кои со Груевски правеа криминали или ги штитеа неговите криминали и кои и ден денес не се оградија од криминалите и од злосторството што на Македонија и го направија.

И затоа ова се важни избори! Важно е на 8 мај да се направи вистинскиот избор бидејќи одлучуваме по кој правец ќе тргне државата. Немаме веќе време за губење. Нема да дозволиме повторно да ја заробат државата, да ја уназадат државата, ниту па некој да ја уништува иднината на нашите деца-истакна во своето обраќање носителот на листата на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Петтата изборна единица Јован Митрески.

Тој упати апел до членовите и поддржувачите на СДСМ и Каолицијата за европска иднина да се мобилизраат и обединат во битката против режимската ВМРО-ДПМНЕ која никогаш според Митрески не работела во интерес на граѓаните.

-Затоа секој глас даден за СДСМ и Коалциијата за европска иднина е глас за вашата иднина. Гласот за СДСМ е глас за напредок, за стабилност, за подобро утре на нашите деца, рече во своето обраќање Јован Митрески на завршниот митинг во Битола.

Обраќајќи им се на присутните на завршниот митинг, ко носителката на листата во Петтата изборна единица, Бисера Костадиновска-Стојчевска на почетокот истакна:

Драги мои битолчани да продолжиме заедно напред, да не дозволиме лажни патриоти, вистински Ванчомихајловисти, а лажни антифашисти да ни ја загрозат иднината. Да не дозволиме да ни ја украдат иднината водени само и само од лични интереси. Да не дозволиме нашите сограѓани да мислат и да поверуваат дека државата е на други луѓе, дека не сме горди на постигнатото.Државата е наша на сите нас до еден. Си ја зедовме назад во 2017 од нивните канџи и нема да дозволиме да ни ја земат пак да ја направат нивна! Наши се и песните, и ората, и јазикот, и традицијата, и историјата! Се е наше! На сите нас! На сите до еден! На сите Македонци кои си ја сакаат државата. На сите битолчани кои си го сакаат градот како што го сакаме ние! Вистински антифашисти се борат за истите тие вредности-слобода на говор, слобода на делување, слобода на живот! Вистински антифашисти не седнуваат во скут на Ванчо Михајлов. Едноставно не оди да се чукаш во гради со АСНОМ, а да се нудиш на Ванчо Михајлов. Вистински антифашисти не прават пакт со режим! Затоа повикувам на обединување околу вистинските демократски вредности, околу слободата, стабилноста и понатамошниот прогрес на државата. Сега е време да покаже секој од нас одговорност и мудрост, да се остават на страна сите разлики и поделби и да ја гледаме големата цел, а тоа е каде и како после 8-ми мај-рече Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека СДСМ е државотворна партија дека секогаш државата ни е пред сè, тоа го докажавме и покажавме. И ќе продолжиме да го правиме тоа. Затоа што без разлика дали сме на власт или опозиција, секогаш граѓаните ни се на прво место. Ако не ни беа, немаше да зголемуваме плати, немаше да субвенционираме сметки за електрична енергија, немаше да работиме на привлекување на странски инвестиции и да отвораме нови работни места, да работиме на мерки кои ке ни ги задржат младите дома. Да направиме држава која ќе си го сака сопствениот народ и ќе прави се за да нема иселување. За нас, најголем влог е во граѓаните. А не во 20-тина разбојници кои имаат за цел да се збогатат, и да заминат од државата. После 2017, пред само повеќе од две години се потсетивме што значи власт на ВМРО-ДПМНЕ. Откако ги одблокиравме општините, откако ги вративме нивните долгови, откако покажавме дека државата се сака со грижа за граѓаните, тие покажаа дека државата ја сакаат само за лично богатење, под превез на патриоти. Патриоти кои си го лажат сопственото членство, а камоли ли цел народ. Патриоти кои немаат ни П од патриоти. Лажеа и уште лажат за се-за иднината на државата, за иднината на градот, за иднината на нас, кои тука живееме, за иднината на нашите деца. Да не им дозволиме да продолжат да не лажат и да не враќаат назад во времето на нивниот идеолог Ванчо Михајлов, рече Бисера Костадиновска Стојчевска, на завршниот митинг во Битола, кој се одржа пред Заводот и музеј.

Васка М.Младеновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*