Don't Miss
Home / Вести / Честитки од сите страни

Честитки од сите страни

 

               

        Битолски весник, во саботата на 27  април го прослави својот дијамантски јубилеј, 60 години од излегувањето од печат на првиот број, кој беше испечатен на 29 април 1964 година.

        По тој повод во редакцијата на Битолски весник  пристигнаа голем број честитки од наши читатели, поддржувачи и помагатели.

        Честитки добивме од Асоцијацијата на печатени медиуми на Македонија, Здружението на новинари на Македонија, весниците  Нова Македонија, Вечер,  Слободен печат, Коха, Фокус, Зенит, Економија и бизнис, весникот Исток, Капитал, бизнисменот Трифун Костовски, Ванчо Чифлиганец,  проф. д-р Јордан Ѓорчев…Покрај честитките за нашиот роденден, 60 години од  излегувањето на првиот број, до редакцијата на Весникот деновиве пристигнаа и голем број честитки за начнот на кој што Битолски весник го прослави својот дијамантски јубилеј.

Првата честитка која ја добивме беше од генералниот покровител на јубилејот, комапнијата“ Кромберг и Шуберт “

        Во честитката се вели “Преубаво, мајсторски организирано. Секоја чест  и фала многу за честа што ни ја приредивте ние да бидеме генерални  покровители на  одбележувањето на вашиот  јубилеј. Секогаш ќе ја имате нашата поддршка, се вели во честитката на “Кромберг и Шуберт”.

        Еден наш помагател и спонзор  ни напиша:

Секоја чест. Покажавте дека сте институција.Никогаш нема да ми биди криво што сме  ти помагале.

        Честитки за организацијата на јубилејот добивме и од бројни наши помагатели кои спознори, како  од наши читатели од САД, Австралија.

        Неможејќи на сите ним  како Битолдски весник  поединечно да им се заблагодариме, на овој начин им искажуваме голема благодарност со ветување дека со нивната поддршка ќе продолжиме по истиот пат кој го одиме веќе 6 децении.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*