Со решение на министерот за здравство, Венко Филипче деновиве по распишаниот конкурс за директор на Клиничката болница во Битола со мандат од 4 години е избрана Билјана Гагачевска.
Со тоа практично на Гагачевска и престана функцијата в.д директор на Клиничката болница во Битола.
Со изборот на Гагачевска за директор на Клиничката болница министерот Венко Филипче покажа дека е задоволен од нејзината досегашна работа и како таа се снајде со пандемијата од Ковид 19.