ЈП “Стрежево“ поради обилните врнежи на дожд и наглото топење на снегот од денеска воведоа 24 часовно дежурство и следење на состојбата.
На состанокот на Колегиумот кој го одржаа “ од на нога “на зафатот за вода кај Дихово, беше заклучено состојбите да се следат 24 часа и да се преземаат сите мерки за вакви вонредни услови.
Инаку од ЈП “ Стрежево “ и покрај неповолните врененски (не)прилики велат дека акумулацијата “Стрежево“ е подготвена да ги прифати водите од врнежите кои го зафатија регионот деновиве.
Дневниот доток во акумулацијата изнесува околу 1,5 милион метри кубни вода или околу 15 m3/sec. Водите се зафаќаат од водотеците на Баба Планина преку Собирниот (Алиментационен) канал и се внесуваат во сливот на река Шемница.