Don't Miss
Home / Вести / Во болницата Плодност извршена најсложена лапараскопска операција вo гиенкологијата

Во болницата Плодност извршена најсложена лапараскопска операција вo гиенкологијата

           

Деновиве  тимот на болницата за гинекологија и акушерство  „Плодност“ Битола   по лапароскопски пат изврши  отстранување  на матката со јајниците и лимфните жлезди во карлицата. Оваа сложена операција која за прв пат е изведена во гинекологијата извршена е кај пациентка на 52 годишна возраст, која боледувше од  карцином на ендометриум на матка (серозен тип)

Од болницата Плодност во Битола уверуваат дека ваква обемна и сложена операција Total laparoscopic hysterectomy cum aortocaval and pelvic node dissection е прва операција од овој вид, направена во Македонија.

Оперативниот зафат траеше 3,5 часа. Пациентката истата вечер беше подвижна, а болницата ја напушти по три дена од оперативниот зафат, во одлична состојба.

-Бенефитите од овој оперативен зафат се многубројни: побрзо опоравување, помал губиток на крв, помала болка и поголем естетски ефект, бидејќи се избегнува огромниот хируршки рез на стомакот. Уште поголема предност на лапароскопскиот пристап е поегзактно и поефикасно препарирање на лимфните жлезди во однос на класичната хирургија. Со вадењето на парааорталните, паракавалните и пелвичните лимфни жлезди, се одредува поточно стадиумот на болеста., велат во Плодност.

Оперативниот тим, кој ја изведе досега лапароскопски најсложената операција во Македонија, го сочинуваа браќата д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски, анестезиологот д-р Филип Трајковски, медицинската сестра – инструментарка Билјана Стојковска-Наумовска, и медицинската сестра од анестезиологија, Ирена Стојановска.

Инаку да напоменеме  Д-р Синиша Трпчевски е првиот македонски гинеколог кој работи роботска хирургија во  Воена, Австрија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*