Музичарот од Битола, Горан Јосифовски (36), денеска рано изутрина загина во тешка сообраќајна несреќа.
Според неофицијални информации, Јосифовски со патничко возило „комбе“ излетал од патот Битола – Прилеп. Од здобиените повреди Јосифовски починал на самото место.
Од СВР Битола го потврдија идентитетот на загинатиот музичар, а неговата смрт ја констатира лекар од Итната медицинска помош. На местото на несреќата излезе увидна екипа на СВР Битола, како и лекар на Итната медицинска помош, кои ја констатираа смртта на музичарот.
По барање на јавниит обвинител телото на загинатиот музичар е предадено на обдукција. Горан Јосифовски беше поранешен член на групата „Екстра бенд“. Тој беше сопруг и татко на две малолетни деца.