ЈП „Стрежево“ деновиве набави професионален дрон за сопствени потреби. Дронот е набавен за зголемување на експлоатационата сигурност на основните објекти на Хидросистемот Стрежево и единствено за цели од јавен интерес, и тоа:
– Детекција на површините за наводнување;
– Теренска проспекција на дефекти во мрежата за наводнување заради побрза реализација на предвидените санациони и
корекциони зафати;
– Следење на состојбите од сливното подрачје на хидросистемот
„Стрежево“;
– Мониторинг на заштитните зони со цел преземање или
проектирање на адекватни заштитни мерки и активности;
– Набљудување на рекреативната зона и докомплетирање на релевантните набљудувани хидро-метеоролошки појави во подрачјето во наша надлежност;
– Подготовка на фотографска и видео документација на транзитните проточни количини во водотеците; и
– Презентација и афирмација преку традиционални и социјални медиуми на вредностите и природните убавини кои даваат особен придонес за валоризација и промоција на нашиот регион и држава во целина.