Кабаре и казино во дворот на Славјанскиот универзитет во Битола
Во моментот кога голем број битолчани реагираат и бараат кладилниците и коцкарниците, кои во Битола никнуваат како печурки поле дожд, да бидат “дислоцирани“ најмалку 5 километри од градот, наскоро во Битола, која по бројот на кладилници, коцкарници и казина наликува на Лас Вегас ќе биде отворено уште едно казино и кладилница.
Иронијата да биде поголема ноќниот клуб кој ќе се вика “ Кабаре “ е сместен во дворот на Славјанскиот унивезритет “Г.Р Державин “, каде студираат стотици студенти.
Имено неодамна едниот од сопствениците на поранешниот дилер на патнички возила од марката Шкода “ Еврокар “ Битола, откако банкротира го продаде својот објект на еден познат битолски сопственик на бројни кладилници и коцкарници.
Новиот сопственик изврши комплетно реновирање на објектот со намера да (на)прави казино и ноќен клуб, кој ќе се вика “ Кабаре “.
Новиот клуб казино “ Кабаре “ ќе располага и со затворен базен и неколку апартмани.
Интересно е што ноќниот клуб “ Кабаре“ ќе работи во дворот на Славјанскиот унивезритет “ Г.Р. Державин “, па така битолчани во шега велат дека кога студентите нема да имаат настава ќе можат времето да го “трошат “ во коцкање.