Don't Miss
Home / Вести / Владата донсе одлука да ги помогне радиодифузерите

Владата донсе одлука да ги помогне радиодифузерите

Владата на Република Северна Македонија денеска во рамки на 48-мата седница ја разгледа и донесе Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.

Со Одлуката се одобруваат средства во износ од 50.000.000,00 денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), како поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, а заради реализација на мерка три од петтиот пакет економски мерки, со која ќе се обезбедат средства за финансиска поддршка на радиодифузерите за надомест на средства платени по основ на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во финансиската евиденција на АВМУ.

Притоа, се задолжува Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, средствата од оваа одлука да ги уплати на (наменска) сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Согласно Одлуката, овие средства Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, треба да ги искористи исклучиво за намената за која што се доделени, односно заради надоместување на средствата кои не се реализирани по основ на наплата на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во финансиската евиденција на АВМУ.

За искористувањето на средствата Агенцијата ќе треба да достави Извештај до Владата на Република Северна Македонија, во рок од 15 дена од завршување на активностите.

Во Извештајот, ќе биде потребно поединечно да се набројат секој од радиодифузерите со висина на надоместокот кој го должел и е покриен со средствата од оваа Одлука, како и бројот на фактура со кој истиот бил задолжен.

Агенцијата е должна да достави примерок од Извештајот и до Управата за јавни приходи за потребите на системот на данокот на додадена вредност и реализација на целите на данокот на додадена вредност.

При утврдени неправилности и ненаменско користење на средствата потребно е Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги средствата да ги врати во Буџетот на Република Северна Македонија.
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*