Home / Вести / Искршени буквите на симболот БИТОЛА

Искршени буквите на симболот БИТОЛА

                   

          Вандалите во Битола не мируваат. Откако пред неколку дена ги искршија и уништија терминалите на Градски паркинзи, а потоа  автобуските постојки, денеска рано изутрина засега непознати вандали ги искршија буквите на симболот Битола, кај Градскиот часовник.

          Засега не се знае кои се вандалите кои го направија овој вандалски чин.

          Инаку симболот со буквите БИТОЛА, кој за кратко време стана препознатлив за градот, се најде на илјадници фотографии и беше едно од омилените места за граѓаните и посетителите за фптографирање , вандалски е уништен. Искршени се дел од буквите, оштетени се рефлекторите и металната конструкција.

Во моментов се врши увид на терен , по што ќе се преземат соодветни мерки за санација.

Апелот кој го испрати до јавноста општината Битола, откако беа уништени автобуските постојки изгледа не вроди со плод.

          Денеска локалната самоуправа повторно упати апел да не се уништуаат објектите на градот.

 Јавноста во Битола е згрозена од се почестите вандалски уништувања на јвани добра во градот.

Жално е што ваквите вандалски појави на уништувања на симболите, кои што се дел од нашата култура на живеење, сè повеќе зачестуваат во градот на конзулите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*