Откако пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска – Стојчевска со скафандер гласаше во Парламентот, сканфандерите станаа моден тренд во Битола.
Денеска низ Широк Сокак една група млади луѓе се корзираа по скафандери.
–Облековме скафандери затоа што градот е контаминиран. Скафандер се носи само ако си здрав и чекориш во контаминирана средина, изјавија групата млади битолчани, кои со својот изглед го привлекоа вниманието на битолчани.