Денеска во Битола со почитување на здравствените протоколи се одбележа Денот на полицијата, 7-ми Мај.
Во рамките на чествувањата беше положено свежо цвеќе на спомениците на загинатите припадници на полициските сили, во дворот на СВР Битола и на споменикот „Ангел“ во паркот кај Грасдкиот часовник.
На двете спомен обележја цвеќе положија началникот на СВР Битола Славко Јовановски, претставници на СВР Битола и претставници на полицискиот синдикат, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, началникот на секторот за превенција при СВР Битола Сашо Гилевски, градоначалниците на општините Новаци и Могила, како и претставници на политичките партии.