Home / Вести / Ски центарот Копанки се подготвува за скијачката сезона

Ски центарот Копанки се подготвува за скијачката сезона

ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје – Подружница Молика Битола, денес официјално ги започна активностите за реализација на Планот и Програмата за следната зимска туристичка сезона на Ски-Центарот Копанки на Пелистер, во функција на исполнување на очекувањата на љубителите на зимските спортови, планинарството и планинскиот туризам, како и останатите рекреативци кои го посетуваат Пелистер, информираат од АД ЕСМ .

На локалитетот ,,Бегова Чешма„ отпочнаа градежните активности за поставување платформа на сончевата страна од скијалиштето, како идеален простор за поставување на урбана опрема и организирана понуда на храна, пијалоци и топли напитоци за време на зимската и летната туристичка сезона. Платформата на Бегова Чешма ќе биде одлично место за одмор и рекреација, но, истата ќе биде ставена во функција и за организирани настани и дополнителни манифестации во текот на цела година.

ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје – Подружница Молика Битола, со завршувањето на зимската скијачка сезона во март 2021 год, започна со реализација на акционениот план и развојната стратегија, со цел Ски-Центарот Копанки во следните десет години да добие многу нови мултифункционални содржини, се вели во соопштението од АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*