Don't Miss
Home / Вести / Битолската болница се враќа во редовна работа

Битолската болница се враќа во редовна работа

                       

            Клиничката болница во Битола се враќа во редовна работа.

Поради знатно намалениот број на позитивни на Ковид 19 затворени се физикалното одделение и една од  модуларните  болници, во која беа смесетни пациенти.

            Од вчера во Клиничката болница во Битола, работи само Инфективното одделение во кое во моментот  се хоспиталзирани само 28 паценти.

            Сите лекари специјалисти  и специјализанти кои што беа ангажирани во Ковид одделнијата се вратија во своите одделенија. Со враќањето во нормален режим на работа  Клиничката болница во Битола ќе почне со нормален  режим на функционирања, редовни прегледи,  а ќе се старува и со  редовните оперативни програми  кои беа укинати, велат од Клиничката болница во Битола.

Со  драстичното намалува на вирулентноста на пандемијата  намален е и притисокот во двете амбуланти во болницата,  тријажната и инфектолошката амбуланта.

Инаку да потсетиме покрај Скопје, Битола долго време беше град со најголем број заразени од коронавирус, чија бројка во некои денови изнесуваше над 105 пациенти и по бројот на смртност, кога имаше и по неколку починати лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*