Home / Вести / Градоначалничката Петровска им го честиташе празникот на битолските пожарникари

Градоначалничката Петровска им го честиташе празникот на битолските пожарникари

                       

По повод денот на пожарникарството 20 мај, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и претставници на Советот на Општина Битола положија цвеќе пред спомен плочата пред ТППЕ Битола.

Градоначалничката Петровска им го честиташе денот на битолските пожарникари, при што потсети дека во изминатите години, многу е вложено во подобрување на условите во ТППЕ Битола.

 -Во тек е јавна набавка за нови 24 униформи, летни и зимски, а минатата година беа набавени 14 униформи, во вредност од околу 2 милиони денари. Во изминатите три и пол години се вклучени нови пожарникари, а во наредниот период ќе и нови лица, што покажува дека ваков подем во опрема и кадар не е направено години наназад. Со новиот ребаланс на буџетот се предевидени средства и за реконструкција на покривот на зградата на ТППЕ“, рече градоначалничката Петровска при посетата на ТППЕ Битола.

Минатата година ТППЕ доби ново противпожарно возило од 97.000 евра, а претходно беше набавена заштитна опрема за работа во вредност од 60.000 евра. Инвестициите обезбедуваат создавање на подобри услови за самите пожарникари, како гаранција за нивната безбедност, но и гаранција за безбедноста на граѓаните, при делување на териториите на општините Битола, Новаци и Могила.

Инаку да потсетиме на 20 мај во 1836  година во Битола бил формиран првиот противпожарен одред на Балканот и меѓу првите во Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*