Don't Miss
Home / Вести / Асфалтирана улицата “ Широка “ во Битола

Асфалтирана улицата “ Широка “ во Битола

        Улицата “ Широка “ во Битола доби нова асфалтна подлога.  Увид  на градежните активности на улицата  денеска  изврши градоначалничката Наташа Петровска.

Асфалтирањето дојде како резултат во поврзување на претходната инвестиција и комплетирање на проектот за нова улица. Улицата се асфалтира после повеќе од 30 години. Вкупната вредност на проектот изнесува 702.365,00 денари.

Инаку локалната самоуправа, предводена од градоначалничката  Наташа Петровска, во 2019 година, изврши комплетна изградба на другиот дел од улицата „Широка“ во должина од 500 метри, при што таа улица беше асфалтирана за првпат.

 Во овој дел поставено е уличното осветлување и направени се тротоари. Вкупната вредност на проектот за изградба на новиот дел од улица „Широка“ изнесуваше 3.300.000 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*