Годинашнто издание на фестивалот на Монодрамата во Битола ќе се одржи од 22 до 27 јуни под мотото “Зад отворени врати “
-Сонувавме за оваа година и за Фестивалот кој сакавме да се одржи. И успеавме, зошто сцената е место на кое луѓето колективно сонуваат. Овој фестивал ќе биде добар доказ дека театарот секогаш ќе го пронајде својот нов Модус Вивенди, истакна Маја Андоновска Илијевски директор на Центарот за култура.
Рефлекторите ќе се вклучат на 22 јуни, на неколку сцени низ Битола, а Интернационалниот Фестивал на Монодрама, кој годинава ќе се одржи под покровителство на Општината Битола и Министерството за култура, ќе трае 6 денови со своја официјална и офф програма.
-Mонодрамата, како форма, покажа дека времето на пандемија не може да ја замолчи. Сведоци бевме на крикот на актерите кои моноспектаклот го избраа да се изразат. И да имаме навистина во време на пандемија и одлучна продукција.Така, со одлука на фестивалскиот совет, како селектор ја поддржав идејата сите оние актери од нашата земја, кои во оваа година се појавија со свои проекти, а и од оние кои минатата година беа селектирани, да настапат. Ваква една специфична година заслужуваше поинаков третман, а ние како Фестивал ја покажавме својата големина. Во официјална конкуренција ќе се прикажат 10 монодрами, сите продуцирани во нашата држава, зошто патувањата за гости од странство се сѐ уште проблематични, а е и добра поддршка за домашната театарска продуција.
Ќе имаме и еден танц перформанс во офф програмата и премиера на класична театарска претстава во чест на наградените,”- изјави актерот Петар Мирчевски кој е селектор на фестивалот.