Don't Miss

Од 01 до 3јули, Битола домаќин на Џез фактори фестивал

Од 01 до 03 јули, Битола ќе биде домаќин на четвртото издание на фестивалот „Џез фактори“ (Jazz Factory).

И оваа година фестивалот во Битола носи реномирани имиња на џез сцената, од регионот и светот.

Главната програма ќе се одвива во Народниот тетатар, а дел од оф-програмата во кафе-барот „Порта џез”.

Фестивалот ќе биде отворен со настапите на Васил Хаџиманов, Мартин Ѓаконовски, Александар Секуловски.

Програмата продолжува наредниот ден со настапот на Пеџа Милутиновиќ и Drumbooty квинтет, а на третиот ден настапуваат Human touch и Филип Динев трио.

Како дел од годинешната програма е и хибридната конференција на која ќе зборуваат: Винко Михајловиќ, директор на џез фестивалот во Петровац, Драган Влајниќ директор на џез фестивалот во Кикинда, Ема Попивода, пијанист и директор на Модоарс фестивалот, Бојан Стефковски, директор на Jazz Fortnight фестивалот, Арлет Ховинга, џез прес промотер и медиумски директор на thatjazzgirl.me, Симон Петерман, музички директор и радио презентер , Роби Јамник, директор на Џез Равне фестивалот.

Изложба ќе има и фотографката Татјана Ранташа, а во Порта џез со свој диџеј сет ќе се претстави Јордан Николов.

Инаку идејата за Џез фестивалот во Битола  потекнува од 2011 година кога џез-музичарот и шефот на катедрата на џез-студиии на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Сашо Поповски, ги започна џез-работилниците „Џез-фактори“, проект кој заврши во 2012 со џез-концерт, а кој потоа во соработка со МКЦ се одвиваше во општина Могила со 4 работилници. Со текот на времето оваа идеја се развива и тој едукативен центар прераснува во џез-фестивал кој во 2018 тата го има првото издание.

Досега на фестивалот настапиле: Душан Јевтовиќ, Васил Хаџиманов,  тапанарот од Израел кој живее во Лондон – Асаф Сиркиз, Тони Китановски , Теодосиј Спасов, Виктор Филиповски, Сашо Поповски трио, Фирс, Молли Тролли Квартет, Скопје Џез Инк, Лина Авшар, Cuarem quartet и Наташа Роџерс, Bramha Amity trio, Антоние AVP проект, AJS quartet, Ирена Благојевиќ, Џоле Грујовски квартет, Кабадајас,

Освен музичкото задоволство кое ги очекува битолчани, со овој фестивал под раководство на реномираниот професор и музичар Сашо Поповски, годинава повторно ќе биде доделена наградата на најдобар млад музичар за 2020 година, насловена по познатиот битолски музичар Гоце Димитровски, кој остави неизбришливи музички  траги во текот на својот живот.

          Фестивалот е поддржан од општината Битола, Министерството за култура и НУ. Народен Театар Битола.

….

….

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*