Во Македонија евидентиран е уште еден пациент заболен од индискиот сој на коронавиру.
Ова денеска го потврди министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на Битола.
Според Филипче епидемиолошките анкети покажале дека нема поголем ризик и потреба од дополнителни мерки. Со овој случај во Македонија досега се регистрирани само двајца граѓани кои се заразиле со индиската мутација.
-Има уште еден ист таков случај кој се лекуваше во една од приватните болници. Стравување од индискиот сој или некоја нова форма на мутација која може да виде позаразна од сегашните актуелни постои насекаде. Но, битно е дека сите вакцини штитат од тешка форма на блеста или од смртен исход дури и од таква мутрирана форма на вирусот. Досега епидемиолошките анкети кои се направени покажаа дека некаков ризик, а со тоа и дополнителни мерки не треба да се прават, рече министерот Филипче денес во Битола.
Одговарајки на прашањето зошто е забавне процесот на вакцинација Филипче одговори:
-Процесот на вакцинација е нешто успорен поради малата количина на вакцини која доаѓа секој понеделник. Но, Филипче рече дека 100 000 вакцини од „Фајзер“ преку Ковакс ситемот ќе стигнат на 28 јуни, истиот ден или ден претходно половина од кинеските вакцини „Синовак“ и останатата половина до 500 000 дози на 30 јуни.
Откако ќе се вакцинираат сите пријавени граѓани, некаде кој јули се очекува да се дозволи вакцинација на сите заинтересирани на лице место.На крајот на следната недела се очекуваат овие големи количини да пристигнат, за неделата потоа значајно да се забрза процесот на вакцинација, Во период од две недели сите пријавени граѓани кои чекаат термин, а тоа се блиузу 180 000 ќе добијат термин и се вакцинираат. За после тоа да ги отвориме пунктовите за сите кои ќе покажат волја да се вакцинираат на лице место.За оние граѓани кои се пријавиле уште од почетокот на стартот на интернет страницата за имунизација, не добиле термин, а се во повозрасни години да се пријават преку матичните лекари.Има такви случаи во повеќе градови, не само во Битола и нема друго објаснување освен дека е технички пропуст во податоците. Тие граѓани кои се во возрасната категорија каде сакаме да ставиме акцент, нека аплицираат повторно преку матичните лекари“, рече министерот за здравство, Венко Филипче во Битoла.