Home / Вести / Здравствениот дом во Битола комплетно реновиран

Здравствениот дом во Битола комплетно реновиран

       

         По речиси 70 изминати години Здравствениот дом во Битола, којод неодамна го носи името  „Д-р.Хаим Абраванел“    комплетно  е реновиран.

Целосно се реновирани внатрешните простории, ходниците, работните простории во делот на педијатриската служба, вакциналните пунктови, превентивната служба, превентивната стоматологија,  делот каде што се чуваат вакцините за оние вакцини од редовните колендар и ова е на некој начин континуитет на процесот што започна пред две-три години кога беше целосно реновирана службата за Итна медицинска помош.

Ова беше констатирано за време на денешната посета на Здравтсвениот дом во Битола на министерот за здравство Венко Филипче.

 -Овој здравствен дом опфаќа голем дел на пациенти на кои што дава здравствена услуга .Битола и Здравствениот дом во перидот кој што следи после помошта која што треба да стигне од Делегацијата на ЕУ кај нас ќе добие и ново амбулантно возило. Сакам да и честитам на директорката, на целокупниот здравствен персонал кој што изминатиот период покажаа дека можат да се справат со менаџирање на Ковид кризата.

 Дел од вработените во здравствениот дом се дел од здравствени работници кои што го  менаџираат целокупниот процес на вакцинирање и во салата, пунктот за масовна вакцинација, така што тие ги заслужуваат сите пофалби, рече министерот Венко Филипче, кој најави дека во наредниот период  ќе биде комплетно сменет покривот на Домот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*