Don't Miss
Home / Македонија / Случајот Кежаровски утре пред скопска Апелација

Случајот Кежаровски утре пред скопска Апелација

Скопска апелација утре ќе ја почне расправата по жалбите за случајот „Ликвидација” помеѓу кои и на новинарот Томислав Кежаровски откако неговата одбрана ја обжали по сите основи.
Апелациониот суд ќе треба да одлучи дали ќе ја укине затворска казна на која беше осуден Кежаровски и ќе го врати целиот предмет на повторно одлучување, дали ќе ја потврди првостепената пресудата, или пак ќе донесе нова пресуда.

Рок за одлука нема.

Инаку, во изминтите денови, на новинарот  Кежаровски поддршка му дадоја сите домашни и меѓународни новинарски здруженија кои побараа негово ослободување.

Ослободување на Кежаровски бараа и од  “Репортери без граници”.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*