Со неодржувањето на последната трка од Источно европскиот шампионат во мото- крос, која требашеда се одржи во Молдавија, заврши ова сезона за најдобрите возачи од Југоисточна Европа.
Според официјалните резултати од мото федерацијата на Македонија, битолските мото-кросисти ги потврдија неофицијалните резултати.
Христијан Илиевски е вротопласиран во класата МХ1 со вкупно 322 бодови, а Борче Костов е третопласиран со 254 бодови во класата МХ3. На последната трка која не се одржа отпатува Христијан Илиевски, а додека Костов не патуваше.
-Јас не отпатував за Молдавија бидејќи и да бев прв на таа трка немаше да го подобрам пласманот, а доколку таа се одржеше и да бев последен ќе го задржев третото место. Затоа кога едвај кубуриме со пари за секоја трка се одлучив да не патувам. Кико пристигна во Молдавија , но поради откажувањето на трката остана на второ место. Неофицијално од тоа што го знаеме трката е откажана поради немање на санитетско возило на патеката, а и поради големата далечина на најблиската болница, која според меѓународните прописи треба да биде 20 километри најдалеку од патеката, ни рече Борче Костов во телефонскиот разговор од Грција, каде тренира за последната трка за оваа сезона која ќе се одржи во Велес на 9 ноември.
С.Р.