Don't Miss
Home / Вести / Црвениот тепих ги очекува филмските работници

Црвениот тепих ги очекува филмските работници

                  

           Вечерва во Пациото на  Заводот и Музеј Битола   почнува 42.издание на интерационалниот фестивал на филсмаката камера „Браќа Манаки“

Овој пат за разлика од сите претходни години црвениот тепих ќе биде послан пред зградата на Заводот  и Музеј.

Фестивалот, чиј покровител е претседателот на државата Стево Пендаровски  ќе биде отворен   со традиционалното доделување на наградите „Златна камера 300 за животно дело“,  и „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ ,  а потоа  премиерно ќе биде прикажан  филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума.

На ова издание на  фестивалот љубителите на филмската уметност ќе им понуди одлични десет долгометражни и десет кратки филмови, кои ги селектираа Слаѓан Пенев и Даријан Пејовски.

Во рамките на фестивалот ќе се одржат работилници со Кристијан Бергер, Џослин Пук и Грег Малканџи, но паралено со оваа програма, богатство од настани нуди и оф-програмата која почна со проектот „Наследниците на Манаки“, под менторство на Марија Џиџева, па продолжи со „Мети си со класнето“, а следуваат проектите „Живи слики“, изведба на филмска музика на Широк сокак, пантомима перформанс, изложба на колекционерски винили и ЦД-а…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*