Спекатакуларен концерт, синоќа во преполнетиот Центар за култура- Битола одржа најпопуларната поп ѕвезда Каролина Гочева.
Каролина пред својата публика во Битола, го претстави својот најнов проект „Македонско девојче 2”. Концептот на овие концерти е истиот од промотивните концерти во МОБ во Скопје, кои се одржаа оваа година. Во првиот дел во целост беше изведен албумот „Македонско девојче 2”, а во вториот дел Каролина изведе песни од албумот „Македонско девојче 1”.
Освен со беспрекорниот вокал по кој е препознатлива Каролина, таа воодушеви и со прекрасниот стајлинг.
По концертот, во Битола, Каролина вечерва ќе има настап пред публиката во Охрид.
Б.В.