Ако успеам во намерата и направам пренамена на земјиштето до млинот, ќе инвестирам во нов капацитет за производство и ќе вработам нови луѓе. Ама, за тоа неопходна ми е поддршката од институциите”.
Ова се зборови на Ејуп Фејзовски, сопственик на млин – пекара Мигрос со кого денеска искрено и отворено разговаравме за проблемите и предизвиците со кои се соочува во неговото работење.
Урбанистичкото планирање на градот мора да биде прво, во функција на граѓаните, а секако и на стопанственциите. Новите инвестиции носат нови работни места, а силна економија значи силен град. Граѓаните мора да бидат задоволни од животот во Битола, изјави кандидатот за градоначалник на СДСМ, Христо Кондовски.