Don't Miss
Home / Вести / Градоначалничката Петровска му сврте грб на СДСМ и премиерот Зоран Заев

Градоначалничката Петровска му сврте грб на СДСМ и премиерот Зоран Заев

Актуелната градоначалничка Наташа Петровска како и на промоцијата на кандидатите за градоначалници од СДСМ и Коалицијата во Битола иако беше планирана во протоколот и требаше да седи до Зоран Заев не дојде на промоцијата и вечерва не се појави на трибината пред Офицерскиот дом во Битола.

Таа едноставно откако не ја предложија за втор мандат му се скара на раководството на СДСМ, па дури и на премиерот Зоран Заев.

Погодена од тоа што неа не ја предложија за градоначалник таа продолжи со својот инает и им се лути на сите.

Во партијата тврдат дека таа за време на изборите на 17 октомври во Општината формирала паралелелн изборен штаб, кој работел против Кондовски.

Голем број членови на СДСМ, бараат Наташа Петровска да се исклучи од СДСМ, бидејки таа цело време по номинацијата на Кондовски работи против СДСМ и во интерес на опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и враќање на режимот се со цел да докажела дека доколку таа била предложена ќе победела во првиот круг.

Притоа таа заборава дека токму таа е виновна за резултатот во првиот круг и дека 3,5 години од мандтаот буквално ги “ преспа “ “ штедејки “ ги парите за изборите.

Во СДСМ сите се згорзени од нејзиното однесување и гневни што Петровска заборави кога за неа во 2017 година сите членови на партијата дење ноке работеа за таа да добие над 31.370 гласови.

Петровска на овие избори го покажа своето вистинско лице дека се работи за нарцисоиднафрустирана личност која исклучиво ги гледа своите лични интереси и интересите на своите најблиски од семејството.

Однесувањето на Петровска на овие избори ги изненадува само тие кои не ја познавале доволно, но тие што ја познаваат од порано тврдат дека таа сега е тоа што е, самобендисана, инаетлива, злобна и злонамерна, која во градењето на својата политичка кариера нодбирала ни начини ни средства да ги елиминира сите кои ќе и се најделе на патот и кои ќе и противвречеле, а некои се обидела дури со измислени приказни дури да ги стрпа в затвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*