Home / Вести / Повредена 72 годишна жена

Повредена 72 годишна жена

Седумдесет и двегодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил автомобил во Битола.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул. „Столарска“ во Битола, кога возило „сузуки свифт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.М.(73) од с.Дедебалци, општина Могила, удрило во пешакот С.А.(72) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.А., констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*