Don't Miss
Home / Вести / Габриела Илиевска од Поинаку претседателка на Советот

Габриела Илиевска од Поинаку претседателка на Советот

Носителката на независната листа на Поинаку, Габриела Илиевска е нова претседателка на Советот на Битола.
Илиевска за претседателка на Советот беше избрана на предлог на Поинаку и со поддршка на победничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ и советниците на Левица.
Нејзин противкандидат ѝ беше координаторот на советничката листа на СДСМ, Методија Илиевски.
Габриела Илиевска на поединечното гласање за претседател на Советот доби вкупно 18 гласови.
За Илиевска гласаа 13 советници од ВМРО ДПМНЕ, 3 од Поинаку и 2 од Левица.
– Битола денеска испишува историја. За првпат во историјата на градот се избира претседател на Совет, кој доаѓа од граѓанска листа. Ова е голем ден за демократијата и иднината на Битола.Затоа отсега па натаму помалку говори, повеќе работа на терен – рече во првичната изјава, Габриела Илиевска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*