Home / Вести / Случајот “Копанки“ почнува од почеток

Случајот “Копанки“ почнува од почеток

        По неколку години тужење, помеѓу  Скијачкиот клуб Пелистер и Општината Битола, случајот “ Копанки “  се враќа на почеток.

        Вишиот Управен суд донесе пресуда, со која ја прифати жалбата на клубот против пресудата на Управниот суд Скопје, од 24.12.2020 година,  со која на скијачкиот клуб Пелистер му беше одземен планинарскиот дом Копанки.

        Со пресудата на Вишиот Управен суд поништено е и Решението на Министерството за транспорт и врски, кое ја одби тужбата на Скијачкиот клуб Пелистер против Решението на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска од 21.10.2019 година со кое урбанистичката согласнот  за бсправен објект дадена од екс градоначалникот на Битола, Влаидмир Талески од 7.07.2015 година  таа ја прогласи  за ништавна.

        Скијачкиот клуб Пелистер против Решението на градоначалничката  Петровска за поништување на урбанистичата согласнот поднесе жалба до Министерството за транспорт и врски, кое истата ја одби и го потврди Решението на градоначалничката Наташа Петровска.

        На ваквото Решение  на Министерството за транспорт и врски, скијачкиот клуб Пелистер  поднесе жалба до Управниот суд, кој го потврди Решението на Министерството за транспорт и врски.

        Против таквото решение се жалеше скијакиот клуб Пелистер до Вишиот управен суд, кој деновиве донесе пресуда со која ги поништи  Решенијата и на Министерството за транспорт и врски и Управниот суд и предметот го врати на повторно судење.

        Според  Решението на Вишиот управен суд единиците на локалната самоурава се тие кои на лице место го утврдуваат правниот статус на бесправниот објект, кој е предмет на легализација и за тоа се изготвува записник и фото документација.

        Така по  неколку години судења случајот “ Копанки “  се враќа на самиот почеток.

        За тоа време додека скијачкиот клуб Пелистер и Општината Битола се тужат околу   тоа чија е сопственоста на  домот планинарскиот дом Копанки стои руиниран без да биде обновен по пожарот што го зафатаи пред речиси една деценија,  што предизвикува револт кај битолчани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*