Don't Miss
Home / Вести / По Заев, Наташа Петровска го отфикари и Димитар Ковачевски

По Заев, Наташа Петровска го отфикари и Димитар Ковачевски

        Екс градоначалничката на Битола, Наташа Петровска откако му се налути на сега веќе екс лидерот на паријата Зоран Заев, му се скара и на новиот кандидат за претседател на СДСМ, кој го поддржа Заев, Димитар Ковачевски.

        Иако Петровска неодамна во јавноста себеси се претстави како (нај)голем социјалдемократ која единствено му е верна и лојална на партијата, не беше присутна на промоцијата на кандидатот за  нов лидер на партијата, Димитар Ковачевски.

        Наташа Петровска не уверуваат извори на  порталот на Битолски весник не поддржува никаков предлог кој доаѓа од таборот на Заев.

        Петровска не може да му прости на Заев што не ја кандидира за втор мандат и затоа едноставно не ја поддржува кандидатурата на Димитар Ковачевски.

Навистина чудно однесување на екс градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која откако не беше предложена да се бори за втор мандат едноставно му се скара не само на најголемиот број членови на партијата, туку и на СДСМ.

Петровска ги поддржува само оние кои ја фалат неа и кои и натаму ја манипулираат дека таа била (нај)успешниот градоначалник?

Таа како да заборави со чиј благослов стана градоначалник на Битола и како илјадници членови на СДСМ во 2017 година дење- ноќе трчаа за неа таа да седне на градоначланичката фотелја.

Таа очигледно ја сака СДСМ само доколку таа е предложена за функции. за други кандидати или членови на партијата таа нема намера да трча.

Таквиот свој каракетр таа го покажа на неодамна завршените локални избори кога откако н се најде на листата кандидати

за градоначалник на Битола таа отворено работеше во штета на партијата и кандидатот Христо Кондовски, кон кого не можеше да ја скрие омразата и љубомората.

За тоа колку е Петровска почитувана и ценета во СДСМ можеше да се увери најдобро доколку се кандидираше за лидер на СДСМ и му се спротиставеше на пријавените кандидати и посебно на кандидатот на Заев, Димитар Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*