Don't Miss
Home / Вести / Тече испораката на мазут во ТЕЦ Неготино, производството ќе почне следната недела

Тече испораката на мазут во ТЕЦ Неготино, производството ќе почне следната недела

Во ТЕЦ Неготино се полнат складиштата на мазут  со количини за стартување на термоцентралата и континуирано производство на електрична енергија во следниот период.

    Мазутот се доставува со секојдневна динамика според пресметките на капацитетот за прием. Заеднички увид во подготовките на термоцентралата извршија генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, генералниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ и членови на управните одбори на двете акционерски друштва.

         ТЕЦ Неготино, како државна електрана, има статус на ,,ладна резерва” во електро-енергетскиот систем и од страна на вработените се одржува во состојба на готовност.

       ТЕЦ Неготино сега се вклучува во услови на глобална енергетска криза и енормен раст на цената на електричната енергија, поради кои околности производната цена на оваа термоцентрала, која во нормални околности беше висока, сега е пониска од цената на берзите, се вели во соопштението на АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*