По изборот на сега веќе екс пратеничката Бисера Костадиновска –Стојчевска за министерка з акултура, владеачката партија во Битола остана без пратеник од СДСМ.
Така сега опозиционата партија на ВМРО ДПМНЕ од Битола од своите редови има двајца пратеници: Силвана Ангелевска и д-р Олга Лозановска, додека СДСМ остана без ниту еден пратеник, бидејки следната на листата за пратеничка од СДСМ, Марија Кочовска е од Демир Хисар.
Ова е своевиден раритет на македонската политичка сцена владеачката партија да нема ни еден пратеник од Битола, а опозицијата дури двајца.