Don't Miss

                Хотел “Битола“ оди на продажба

        Хотел “ Битола “ кој од неодамна со одлука на УО на Фонодот за пензиско и инвалидско осигурување е затворен, а сите корисници на услугите се иселени од објектот,   оди на продажба.

        Ваква е одлуката на УО на ПИОСМ. 

        -Во план е продажба на објектот на хотелот “Борец-Битола’. Отпочната е постапка за проценка на пазарната вредност на објектот и негово објавување за продажба по пат на јавен повик.

        Ваков е одговорот на УО на ПИОСМ.

        Инаку од Фонодот тврдат дека објектот „Битола“ не е ниту  некогаш бил  старски, ниту пензионерски дом, туку хотел управуван од Трговско друштво „Борец“ ПИОМ ДОО Битола, чиј основач е Фондот на ПИОСМ.

-Трговското друштво „Борец“ ПИОМ ДОО Битола со години наназад работи со загуби, односно не може да ги подмирува неопходните режиските трошоци, ниту да исплати плати на вработените во друштво, односно хотелот.

Поради континуирани загуби во работењето Управниот одбор на Фондот на ПИОСМ донесе одлука за затворање на друштвото, односно на објектот.

Инаку хотел “ Битола“ кој некогаш беше еден од најреномираните хотелско угостителски објекти во  Битола,  во кој беа сместени стотици пензионери, а и други гости и беше од отворен тип,  сите изминати години работи со загуби, поради што голем број не само од гостите го напуштија хотелот, туку и најголмиот број од вработените си заминаа од ова претпријатие.

Тој е целосно руиниран и запуштен, оставен едноствано да пропаѓа

       

М.М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*