Со појавата на социјалните медиуми, Фејсбук, Инстаграм, Твитер, во кои секој кој има компјутер стана сопственик на медиум и новинар, како пандемија се шират лажни и измислени вести.
Во ова време- невреме, доволно е само еден да измисли и пушти лажна и непроверена вест, па на истата само за кусо време да се закачат илјадници следачи па да се направи вистиснки хаос во јавноста.
Пласирањето на лажни вести од секогаш постоеле.
Колку што тие некритички се прифаќале толку побрзо се ширеле во јавноста, која како по некое непишано правило многу брзо се лепи на таквите (дез)информации.
Пласирајќи некоја вест во доверба, истата веднаш станува достапна до социјалните медиуми, која беа истата да ја проверат ја пласираат во јавноста.
Со згаснувањето на професионалните и традиционални медиуми, кои при информирањето на јавноста во целост ги почитуваат новинарските стандарди и кодексот на новинарството , социјалните медиуми добија отворен простор да можат во името на слободата на медиумите и “демократијата” некритички да пласираат во јавноста што сакаат.
Злоупотребувајќи го тоа што таквите социјални медиуми не се законски регулирани и најголемиот број злоупотреби кои ги прават не се гонат по службена должност, имателите на социјални медиуми во јавноста пласираат што сакаат..
Повиквајќи се на слободата на говорот сопствениците на социјални медиуми едноставно преку (дез)информациите кои ги пласираат во јавноста на најпримиривен и бескруполозен начин се пресметуваат со тие кои на овој или оној начин се замериле со нив.
Особено во последно време се злоупотребуваат коментарите на одредени пласирани вести, па така голем број “слободумни луѓе” кои се наводно борци за слобода на медиумите под свои или лажни профили во јавноста пласираат се што ќе им текне.
И ако во некое мирно време можеше да им се прогледа низ прсти на лажните вести, сега кога граѓаните веќе две години се справуваат со ковид кризата, а особено кога светот е на работ на нуклеарна војна, која се заканува да го уништи човештвото лажните вести станаа многу опасни, кои можат да предизвикаат тешки последици не само кај одредени поединци, туку и кај државата.
Наводн добро “информираните” сопственици на социјалните медиуми во јавоноста пласираат секакви (дез)информации од тоа дека нема да има безнин на бензиските пумпи, дека ќе немало брашно, леб, масло, шеќер, кафе… сеејќи паника кај граѓаните, кои некритички се лепат на таквите лаги и измислици и ги празнат рафтовите во продавниците и резервоарите на бензиските пумпи.
“Слободумните” и наводно “добро” информирани социјални медиуми без никаква самокритичност и одговорност, користејки го принципот на “копи паст” пласираат какви не дезинформации, или најблаго речено лаги, кои за граѓаните стануваат вистини.
Освем тоа што пласираат голем број лажни вести и (дез)информации, тоа што посебно загржува е што сопстевениците на социјалните медиуми во (дез)информирањето на јавноста користат најприземен и (нај)простачки јазик, кој во себе содржи исклучиво говор на омраза.
Тоа што посебно загрижува е што освем со одредени исклучоци сеачите на лажни вести, освем со одредени исклучоци, воопшто не се санкционирани.
Наводно нив законот не ги засега, бидејки тоа го прават во името на демократијата.
Старо и непишано правило е дека зборот понекогаш убива повеќе од оружјето.
Поради еден лош изговорен или напишан збор некои луѓе си го одезеле дури и својот живот.
Затоа, сега, кога светот се соочува со опасноста од избивање на нукеларна војна и кога кучињата на војната р,жат на сите страин и пред секоја држава, се чини дека е крајно време да се стави ред во хаосот и нередот на кој сме сведоци во социјалните медиуми.
Како и сите останати медиуми, кој подлежат на законски санкции и кривични гонења за секоја намеран или ненамерна грешка или пропуст и социјалните медиуми треба да ги почуствуваат последиците за сеењето на лажни вести и пласирањето говор на омраза.
Ниту треба ниту смеат тие да бидат амнестирани од била каква одговорност за искажаниот збор или напишаното.
Надлежните институции кои го регулираат медиумскиот простор мора најсериозно да се зафатат да се регулира оваа состојба со социјалните медиуми, кои поради можноста секој буквално бесплатно да “отвори “ медиум и неодговорноста која им е законски овозможена едностано никнуваат како печурки после дожд.
Регуирањето на оваа дејност не е задушување на слободата на говорот.
Напротив ствањето на ред во хаосот кој е присутен и те како ќе им користи и ним, зашто на крајот на краиштата и тие лесно можат да бидат од сеачи на омраза, жртви на лажни вести и лична или семејна дискредитација.
Колку тоа побрзо би се направило толку подобро би било за сите.
А сега се чини дека е најдобар момент за тоа.
Во спротивно не знам како би се заштитиле од сеачите на лаги и измислици, кои се однесуваат како најпримитивни “пиромани “ на вистината и професионалното информирање на јавноста, која заслужува секогаш да биде навреме и точно информирана.