Home / Вести / Приватизиран Изборот на спортист на Битола

Приватизиран Изборот на спортист на Битола

Изборот на спортист на Битола беше и помина.

Организаторот на Изборот, со максимална поддршка на Општината Битола, како и во други прилики од за нас познати, но неразбирливи причини не го поканија Битолски весник да присуствува на Изборот.

За нас е несфатливо Битолски весник најстариот печатен медиум , не само во Битола туку и во државата од кои некои новинари сеуште препишуваат, кога пишуваат за историјата на битолскиот спорт да не биде официјално поканет на Манифестацијата.

Откако реагиравме за намерниот пропуст од Сојзуот на спортови само на сат два пред Изборот не упатија покана на Вибер со објаснување дека тие поканата ја испратиел на Фејснук, Твитер, Инстарграм.

Држејки се до правилото Битолски весник да не приуствува на настани каде што не е поканет, Весникот не присуствуваше на Изборот и не напиша ни збор за Манифстацијата.

Органзиаторите на оваа Манифестација можат да не го сакаат или да не го почитуваат Битолски весник, но треба да знаат дека Битолски весник беше тој кој за прв пат го организираше Изборот на спортист на Битола и дека во осумдесеттите години во договор со Општината оваа Манифестација заедно ја органзираа.

Воедно во оваа прилика како редакција на Битолски весник искажувајки го свеото незадоволство од тоа што неколку години со ред не добиваме официјални покани за Изборот на спортист на Битола и што некои членови на Комисијата кои учествуваат во изборот се обидуваат да го избришат Битолски весник од овој настан треба да знаат дека џабе се трудат затоа што Битолски весник му се допагало тоа ним или не цели 58 години ја испишува историјата на Битола и дека тоа ќе го прави уште многу многу децении.

Битолски весник бил и останува сведок и хроничар на Битола и секогаш отворен за тие кои ги барале укоричените весници за да пишуваат книги или текстови.

Тоа што Битолски венсик не беше поканет на Манифестацијата воопшто нема да му наштети на угледот на Весникот.

Овој весник му се допаѓало тоа некому или не е бренд на Битола и Македонија.

На инстант медиумите и самонаречените големи новинарски пера ќе им требаат уште многу години да потрошат за да можат барем да му се доближат на новинарите кои пишуваа за спортот во Битола.

Во оваа прлика би им порачале џабе се трудите.

Битолски весник е колективна меморија на Битола.

А овој пат повикувајки се на угледот на Весникот нем ада објавиме ништо за Изборот.

Нека спортистите и читателите читаат на Фејсбук, Твитер, Инстрагам.

Ние иако ги имаме сите тие форми на медиум посебно си го цениме печатеното новинарство и Весникот кој за многумина битолчани беше првиот буквар а за некои “ големи “ новинари кои никогаш не научија што е тоа новинарство прва азбука

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*