Иако пред доаѓањето на премиерот на Бугарија, Кирил Петков на отворањето на бугарскиот клуб “ Ванчо Михајлов “ во Битола, беа најавени бројни протести на политички партии, здруженија на граѓани ,невладини асоцијации, сепак малкумина се одзваа на повиците.
Пред клубот на Ванчо Михајлов и на Широк Сокак имаше повеке полицајци, инспектори и фоторепортери отколку протестанти.
Наместо на протест најголемиот број битолчани ги исполнија битолските кафулиња.
Иако беше највен како масовен протест од Заедницата на Македонците протерани од Грција на протетсот излезе само Никола Костурски, кој изјави дека неговиот протест не е против бугарскиот народ, туку против бугарската влада која ги негира и не ги признава Македонците.
-Не сме против бугарскиот народ, туку против бугарската Влада која не негира Македонците, а нашите таму од ОМО Илинден Пирин немаат никакви права и не дозволуваат да се регистрираат иако има многу пресуди од судот за човекови права во Стразбур“, рече Костурски.
На протестот во мал број учествуваа и од партијата Левица, а од Сојузот на борците, кои јвно го осудија отворањето на бугарскиот клуб не се појави никој.
-Ние сме против отворањето на канцеларијата во центарот на Битола, ова е срамно, во центaрот на градот да се негува фашизмот и империјализмот, ќе поднесеме декларација против глорификација на фашизмот. Битола е град со жртви како Стив Наумов , Елпида Караманди, a се отвора канцеларија со име Ванчо Михајлов колку бил фашистички настроен“, рече Горан Велевски од Левица Битола.
Инаку на отворањето на културниот центар премиерот Петков изјави дека културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола треба да биде мост меѓу двете земји и да помогне да се освојат срцата на двата народа. да бидат рамноправни како и другите народи, па дури и темата за влез во Уставот за која толку многу се зборува е всушност реална и не дека не може да се постигне, рече бугарскиот премиер Кирил Петков на отворањето на Бугарскиот клуб„ Ванчо Михајлов ВМРО“ во Битола.
Клубот беше отворен со интонација на бугарската, македонската химна, како и со маршот „Изгреј зора на слободата“.Внатре меѓу бугарските дејци ставени се и фотографии на македонски револуционери, меѓу кои и Даме Груев.
-Македонски Бугари бараме од Владата да се отвори уставот и да не запишат како државотворен народ, да го почитува договорот од 2017 и општата историја. Ние не сме малцинство ние сме народот кој даде Илинденци во Македонија и на целата бугасрска нација“, рече Љупчо Ѓоргиевски од Бугарското здружение во Битола.