Home / Вести / Битола под полициска опсада

Битола под полициска опсада

               

        Пред  денешното  отворање на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“, на кое ќе присуствува бугарскиот државен врв, предводен од премиерот Кирил Петков,  во Битола се најавени   протести на неколку здруженија на граѓани и асоцијации.

Протест најави Здружението „Дамјан Груев“, партијата  Левица,   Општинскиот одбор на Сојузот на борци Битола, Заедницата на Македонците протерани од Грција.

Поради тоа центарот во Битола, посебно улицата “ Рузвелтова “ каде што треба да се одржи свеченоста е целосно блокиран од полицајци.

Движењето по оваа улица е забрането, а забранет им е пристап и на сопстевниците на дуканите, кои силно реагираа на таквата постапка.

Воедно ограничено е движењето  на битолчани и по Широк Сокак.

Инаку свеченоста е закажана за 14 часот.

На свеченоста покрај премиерот на Република Бугарија Кирил Петков ќе  присуствува  бугарската вицепремиерка Илиана Јотова, актуелната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната Екатерина Захариева и лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов.

 Од Македонска страна најавено е присуство на  министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи,министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*