Општина Битола издвои 1 милион денари субвенции за сите оние кои до 5 мај ќе купат нов велосипед.
Според јавниот повик објавен денеска, Општината Битола за секој купен велосипед ќе субвеционира 50 одсто од вредноста на велсипедот,но најмногу до 5.000 денари.
Со издвојувањето на 1 милион денари, локалната самоуправа на Битола сака да ги стимулира битолчани да купат нови велосипеди и велосипедот да го користат за превозно средство.
Овие средства се издвојуваат од Програмата за заштита на животната средина.
Субвенции ќе добијат оние граѓани кои досега не користеле субвенции од општинскиот буџет.
Средствата ќе се доделуваат по принципот прв дојден прв услужен.
Инаку локалната самоуправа на Битола и во претходниот состав доделуваше субвенции за купување на нови велосипеди.
Но за жал градот под Пелистер и покрај многуте ветувања и неколкуте проекти сеуште нема изградено велосипедска патека.