Битолските фирми кои плаќаат преку Трезорот ќе можат да вршат уплати до денес, 9 јуни.
Од понеделник,13 јуни, сите оние установи, институции, факултети, општината… кои плаќаат преку трезорот во Битола ќе можат да плаќаат преку трезорот во Прилеп.
За секоја уплата, или исплата од понеделник тие ќе мора да патуваат во Прилеп.
Во Трезорот во Битола не информираа дека до привремено затворање на трезорот во градот под Пелистер дојде затоа што во Трезорот е вработено само едно лице, кое од понеделник заминува на годишен одмор.
Затоа од понеделник до 20 јуни Трезорот во Битола ќе биде затворен, а тие кои сакаат да плаќаат и примаат уплати ќе мора да патуваат во Прилеп, каде што ќе можат преку Трезорот да ги обавуваат сите трансакции.
Ваквата одлука ги изненади многумина во Битола, кое сега по затворањето на Трезорот во Битола, ќе мора ако сакаат да плаќаат ќе мора да патуваат во Прилеп и да бидат изложени на дополнителни трошоци.