Деновиве во индустриската зона “Жабени“ беа продадени 11 градежни парцели.
Засега не се знае кои се лицата кои ги купија овие парцели, ниту пак тие кои ги изгубија и на кои им беа одземени.
Инаку парцелите кои се продадени се парцели на (не)познати битолски бизнисмени кои пред неколку години ги купија парцелите за бадијала по 1 евро на квадрат со намера таму да градат индустриски капацитети.
Иако во првиот момент беа продадени над 36 парцели , а подоцна уште дваесетина и поради наводно големиот интерес беше речено дека во ИЗ“ Жабени“ ќе се гради уште индустриска зона “ Жабени 2 “, освем “Кромберг и Шуберт“ ни еден друг инвеститор не се одлучи таму да гради.
Според информации на поратлот на Битолски весник парцелите “инвеститорите “ ги купиле со намра не да градат, туку да ги (пре)продадат.
Општината Битола досега никогаш не излезе со информација кои битолски “инвеститори“ купија градежни парцели во “ Жабени “ по багателни цени.
Кога новата власт во Општината сфати дека нема ништо од градежниот бум во “ Жабени “ одлучија да им ги одземат парцелите да ги дадат на продажба.
По купувањето на парцелите од наводни битолски тајкуни битолската јавност беше замајувана дека за градење во “ Жабени “ се заинтересирани инвеститори од Украина, Русија, Австрија, Италија, Австралија, САД, Турција, но за жал ни еден од нив не вложи ништо во “ Жабени “.
Така во “Жабени “ остана реализирана само една странска инвестиција , а тоа е само фабриката “ Кромберг и Шуберт “ кој во моментот вработува над 6.500 работници.